Зошто е подобро нашите деца да си играат само со неколку играчки

Играчките за деца не се само „алатки“ со кои децата си играат. Играчките ги учат нашите деца за светот и за самите себе. Тие на некој начин испраќаат порака до детето и на тој начин се развива убава, забавна и поучна комуникација.

Повеќето родители на децата им ја преполнуваат цела соба и кревет со играчки додека пак, одредени родители ги учат децата да си ги играат само со одреден број на играчки…

1. Децата учат да бидат повеќе креативни
Премногу играчки ја намалуваат креативноста кај детето. Кога децата си играат  со 2-3 играчки, нивната имагинација и начин на игра се менува и од ден на ден станува се поинаква и покреативна.

2. Децата го вежбаат фокусот
Кога детето е фокусирано на една играчка, тогаш неговото внимание е на едно место. Кога пак во кругот се наоѓаат повеќе играчки одеднаш, неговото внимание почнува да се намалува и да губи интерсес за играта.

3. Децата развиваат подобра социјална комуниакација
Децата кои си играат само со неколку играчки учат да развиваат меѓучовечки односи со другите деца и возрасните. Тие учат како да започнат и да водат разговор со една личност.

4. Децата учат повеќе да се грижат за работите
Кога детето има неколку играчки, неговата свест вели дека потребно е да се грижи за нив доколку не сака да остане само. Ги цени своите играчки и се грижи да не ги загуби или скрши.

5. Децата стекнуваат поголема љубов за читањето, пишувањето и уметноста
Играњето со одреден број на играчки прави детето повеќе да ја цени убавината, комуникацијата и емоциите.

6. Децата помалку се расправат со другарчињата
Ова може да изгледа чудно. Многу родители сметаат дека користењето на повеќе играчки е супер решение за децата да не се тепаат за една иста играчка. Но, најчесто браќата и сестрите се расправаат за иста играчка. И секогаш кога им даваме нова играчка, тоа претставува причина плус за кавга. Од друга страна, браќата и сестрите кои имаат само неколку играчки се приморени да делат се меѓу себе и да си играат заедно.

7. Децата стануваат помалку себични
Ако вашето дете има само неколку играчки, кога на гости ќе му дојдат други другарчиња веќе знае дека треба сите да си играат со неговите играчки.
Тоа учи како да не биде себично и да биде трпеливо.

8. Децата со помалку играчки поминуваат повеќе време во природа
Децата кои немаат подрум преполн со играчки почесто го поминуваат времето за игра надвор од домот и одблиску ја запознаваат природата. Физички се активни и имаат поздрави тела.

9. Децата учат дека задолоството не се наоѓа во играчката
Вистинската радост и забава не е во играчките. Децата кои се растени со многу играчки, мислат дека одговорот на желбите е во купување на играчки.

10. Децата живеат во почист дом без играчки насекаде
Ако децата имаат само неколку играчки, домот нема постојано да е преополн со нив насекаде.
Користење на само неколку играчки е одлично за среќен, почист и поздрав дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *