Зошто е добро да јадете јагоди?

Целиот плод од јагодите содржи 90% вода. Тие имаат малку калории, богати се со јагленохидрати, посебно со влакна. Без оглед што вкусот им е благ тие не содржат многу овошни шеќери.

Во себе содржат големи количества на витамин Ц кој го зајакнуваат имунитетот и извонреден е антиоксиданс. Исто така во јагодите е присутен и витамин К, фолна киселина, магнезиум и калиум.

Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење.

Јагодите помагаат за заздравување на непцата. Кога немате достап до паста за заби и четка, преполовете 2-3 јагоди и со нив протријте ги забите и непцата. Потоа исплакнете со вода.

При консумирањето на јагоди ризик постои ако тие се прскани со штетни пестициди. Затоа, најдобро е да купувате јагоди во кутија на која е посочен произведувачот. Исто така треба да се внимава да не се консумираат од луѓе кои имаат алергични реакции на нив. Ако не сте сигурни дали сте алергични на јагоди или не, посетете лекар за да направите соодветен тест.

Најдобрата вест е тоа што јагодите се нискокалорични, па затоа може да станат дел од вашата исхраната, без разлика дали сте на диета или не.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *