Зошто Бугарија брза да им издаде 53000 нови државјанства на Македонци?

Целта на бугарската Влада, како што вели Симеонов, е рокот за добивање бугарско државјанство за Македонци да се намали до шест месеци, наместо две до три години, па и подолго, колку што трае процедурата во моментов, пренесува агенцијата БГНЕС.

„Нашата цел е периодот за добивање бугарско државјанство, кога сите документи се исправни, да го сведеме на шест месеци. Тоа е нормален рок, а од тие шест месеци, четири месеци и 17 дена ќе траат процедурите што се извршуваат во рамките на извршната власт. Останатото време ќе биде за да може потпретседателот да го потпише указот за барателот на државјанство. Но, таму работата се влече, имаме проблеми поврзани со несовршеноста на законите“, изјави Симеонов.

Извор на инфо: СтарТВ Штип

Тој на прес-конференција кажа дека на трибината се зборувало и за олеснување и скратување на процедурата за добивање сина карта, која е наменета за привлекување висококвалификувани кадри во Бугарија, при што се планира таа да може да се извади за 37 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *