Значајна победа на ослабената ЖФК Каменица Саса против ЖФК Прилеп

ЖФК Каменица САСА 1:0 ЖФК Прилеп

Македонска Каменица, 27.09.2020 година – Значајна победа и огромни 3 бода против доста квалитетниот тим на ЖФК Прилеп од Прилеп.

Денеска одигравме тврд натпревар против екипата која до шестото коло имаше 6 победи во 6 одиграни натпревари. Многу битка на теренот со квалитетен фудбал и по неколку шанси на двете страни. Сепак нашите девојки покажаа поголема желба за победа и заслужено победија, – изјави тренерот на каменичката екипа, Зоран Златковски

Поради позитивните резултати на COVID 19 денешниот натпревар го пропуштија Ленче Андреевска, Рабија Дервиши и Пале Николовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *