Зимските служби започнаа со отстранување на снегот во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 09.01.2019 година – Како што известуваат од Јавното претпријатие „Камена Река“ и економскиот оператор, кој според претходно спроведена тендерска постапка од општина Македонска Каменица, е задолжен за извршување на услуги за зимско одржување на патишта во Општината известуваат дека веќе се превземени потребните активности за чистење на снегот од јавните улици, патишта и пешачки патеки во градот и главните локални патишта до селските средини на територијата на општина Македонска Каменица.

Мобилизирани се повеќе екипи за рачно чистење на тротоарите и улиците во градот, како и крупна механизација која е активирана за чистење на улиците според претходно утврдена приоритетна листа на улици и патишта. Според најавите дека врнежите ќе продолжат и во текот на вечерните часови, екипите и крупната механизација за чистење на улици и патишта, остануваат на терен со интензивно работење. Исто така во текот на денешниот ден, улиците во градското подрашје се третирани и со нанесување на потребните количини на сол и песок, ко треба да го оленсат движењето на пешаците и автомобилите, како и олеснето топење на снежната покривка. – изјави директорот на ЈП Камена Река, Влатко Андоновски

Исто така Андоновски додаде дека ЈП „Камена Реке“ апелира до граѓаните да пристапат кон чистење на пристапните патеки до своите влезови и дворови, со што ќе се олесни пристапот и нивното непречено движење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *