Зголемување на платата на вработените во општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река

ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И ЈКП КАМЕНА РЕКА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА

Денеска, претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски оствари средба со градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски на која се дискутираше за барањата на ССМ и синдикатите СУТКОЗ и УПОЗ за зголемување на платите од 2806 денари согласно усогласувањето со минималната плата.

Постигната е согласност помеѓу претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски и градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски платите во Општина Македонска Каменица и ЈКП Камена Река да се зголемат за 2806 денари со што ова право ќе го уживаат и вработените во Општината и вработените во јавното комунално претпријатие.

“Додека централната власт останува глува за барањата работниците за егзистенција и не води грижа за истите, локалната власт” како што во соопштението за јавност вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски “без оглед на тоа дали се од политичка партија која е во Владата или не, се повеќе градоначалници им излегуваат во пресрет на работниците во овие тешки моменти”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *