Зголемен интерес кај велосипедистите од регионот за учество на „Tour The Kalimanci Lake“

„Tour de Kalimanci lake“ ги собра велосипедистите на планинска тура околу Калиманско Езеро. Собирно место на „Tour de Kalimanci lake“ беше Градскиот плоштад во Македонска Каменица.  Официјалниот дел од турата започнува од браната Калиманци, па се до завршувањето на локалниот пат кај село Илиово. Вкупната должина на патеката околу Калиманско Езеро е 36 километри, додека официјалниот дел од „Tour de Kalimanci lake“ е 22 километри. Патеката беше обезбедена со попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци.

Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење, ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, се пријавуваа  единствено со присуство на родител или старател. Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица и според организаторите има за цел покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калминаско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот во ова подрачје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *