За што не треба да зборувате на прв состанок?

Колку и да изгледа возбудлива идејата за нив, сепак првите состаноци секогаш се многу стресни. За среќа, сега со помош на интернетот е многу полесно да се закаже состанок, па единствениот проблем останува оставањето на добар прв впечаток.

Избирањето на вистинската облека е навистина стресно, но не може ни да се спореди со стресот што го носи самиот состанок.

Некои луѓе мислат дека е најдобро првиот состанок да се започне со тешки прашања, од типот на „Што бараш од една љубовна врска?“, но според еден експерт за љубовни совети, тоа е погрешно. Наместо тоа, тој вели дека најдобро е да се почне со лесни прашања и таму да се остане во текот на целиот состанок.

„На првиот состанок разговарајте на лесни теми и пробајте разговорот да биде едноставен и позитивен. Ако зборувате за позитивни, среќни работи, тогаш и соговорникот ќе ве доживее како позитивна личност“, вели Џејмс Прис, експерт за романтични состаноци и советник за врски.

Тој смета дека треба да се обрне внимание на она што го зборува другата личност присутна на состанокот, бидејќи не е доволно само да се смешкате и да се преправате дека сѐ се одвива одлично. Ако забележите дека партнерот губи интерес, поставете му прашање за некоја од темите на која зборувал. Така ќе ѝ докажете на таа личност дека сте фокусирани на она што се случува на состанокот.

„Никогаш не влегувајте во тешки теми за разговор, бидејќи личноста која е излезена со вас на состанок може да испаничи или да се повлече. Ако сакате втор состанок, не поставувајте прашања за врска, не прашувајте за претходните партнери и не одете многу длабоко разговарајќи за љубовниот живот на соговорникот“, вели Прис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *