За една рачна количка со дрва, Рушид од Берово заврши во затвор

Четири дена одлежал во штипскиот затвор за украдена една количка дрва. Ова е казната која ја добил Рушид од Берово, кој соочен со немаштијата и седумте гладни усти од неговите деца, се решил на ваков начин да го стопли семејството.

  • Една количка дрва борови и ме фати еден господин ми пиша казна од 4 илјади денари и ме пратија на суд. За една недела бев на суд и им велам немам од кај да платам и ме пратија да одлежам и бев таму чистевме ниви и ако треба децата пак да ги стоплам пак истото ќе го направам, кажа Рушид Демировски.

Девет членото семејство Демировски со години живее на социјалното дно, а социјалната помош не може да им ги покрие сите потреби. Ова семејство не е на списокот за да користи народна кујна, а не прима ниту државна помош за трето дете.

  • Тешко се живее, треба брашно , леб, вели Санела Демировска.

Соочени  со безизлез, тие бараат каква и да е хуманитарна помош.

  • Не треба пари, кондури, јакни што имаат да дадат за да носат овие деца, вели Рушид.

Од Центарот за социјални работи во Берово истакнаа дека бараат начини да му помагнат на ова семејството и да го вклучат во народната кујна. Но, во моментв во Берово народната кујна ја користи 31 семејство за кое се делат 77 оброци, додека семејството на Рушид и на уште две повеќедетни семејства, нема оброци. Најавата е дека во текот на овој месец ќе се бара и зголемување на оброците кои се делат во народната кујна со цел да се задоволат потребите на 110-те приматели на социјална помош. Додека државата бара начин да ги промени парадоксите во системот и бројноста на семејството да не биде пречка за добивање оброци, се чека реакцијата на хуманите за семејството Демировски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *