Исто така, Комисијата денеска ја одложи одлуката за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на ковид кои се асимптоматски случаи, која ќе се донесе по дополнителна обемна дискусија која ќе следува во наредните денови
Комисијата за заразни болести, непосредно пред почетокот на второто полугодие, ќе ја разгледува можноста за евентуална промена на неговиот почеток. Ваква одлука донела Комисијата на денешниот состанок. Клучно за тоа дали ќе се одложи почетокот, кој треба да биде на 20 јануари, ќе биде каква е епидемиолошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, велат од Министерството за здравство.
Исто така, Комисијата денеска ја одложи одлуката за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на ковид кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следува во наредните денови, се вели во соопштението.