Затвор за газдите кои ќе побараат од работниците да ги враќаат парите од К-15 и минималната плата!

Имаме доста алармантни ситуации каде што работата на хартија е чиста, но во практиката е погрешна. И токму затоа тие и да алармираат до граѓански организации, и да алармираат до Државен инспекторат за труд се додека не се спремни да дадат изјава и да сведочат со минимум уште еден вработен од истата фирма ние многу тешко ќе го поправиме системот, рече министерката Царовска.
 
Ако работникот ја враќа платата на работодавачот и не е подготвен да сведочи, вели министерката, таа нема можност да му помогне. Газдите кои ги тераат работниците да им враќаат дел од минималната плата прават кривично дело.
Тоа е кражба на работниците и тие треба да се охрабрат да ги пријават ваквите случаи за работодавачите да бидат казнети и оваа пракстика да прекине, порача министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Таа ги повика сите работници кои имаат доказ и се подготвени да сведочат, да се обратат до Министерството или лично кај неа и потоа случајот да се пријави во Државниот инспекторат за труд.
Инаку, рече Царовска, имаме случаи кога инспекторите одат на терен и констатираат состојба на чиста документација.
– Имаме доста алармантни ситуации каде што работата на хартија е чиста, но во пракса е погрешна. И токму затоа тие и да алармираат до граѓански организации, и да алармираат до Државен инспекторат за труд се додека не се спремни да дадат изјава и да сведочат со минимум уште еден вработен од истата фирма ние многу тешко ќе го поправиме системот, рече министерката Царовска.
Ако работникот ја враќа платата на работодавачот и не е подготвен да сведочи, вели министерката, таа нема можност да му помогне.
– Јас свесно јавно кажувам дека ќе ги заштитам во процесот на донесување одлука затоа што одговорноста е кривична. Тоа е кражба од работникот. Ние даваме субвенции за да може работникот да ја добие минималната плата, а не да се полни џебот на работодавачот, рече министерката Царовска.
Оваа реакција доаѓа по информацијата дека вработени во текстилни фабрики од неколку градови преку трансакциска добиле минимална плата од 12 илјади денари, но биле уценети од газдите на рака да им ја враќаат разликата.
Ова го обелодени здружението “Гласен текстилец” од каде што велат дека таква состојба констатирале во Валандово, Куманово и Делчево.
Од здружението го посочија и примерот кога газдата на погон за производство на чевли од Куманово, барал од работниците да му вратат дел од минималната плата што им ја исплатил за октомври.
Дел од работниците му ги вратиле парите што ги барал, а дел се побуниле и ја прекинале работата и случајот го пријавиле.
– Откако интервениравме им беше речено да не ги враќаат парите, но наредниот ден продолжија притисоците да ги вратат парите.
Моравме да интервенираме за да престанат притисоците и случајот го пријавивме во Трудовата инспекција, изјави Кристина Ампева од “Гласен текстилец”.
Враќањето пари на рака претставува кривично дело, односно работодавецот што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци од плата, како што е К15 ќе се казни со затвор од три месеци до една година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *