Започна со работа првиот „Жито Маркет“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 22.12.2018 година – Денеска во присуство на бројни граѓани на Македонска Каменица и регионот беше отворен првиот Жито Маркет во нашиот град. Со пригодна свеченост заедно со каменичани компанијата „Жито Маркет“ го прослави својот 56 маркет по ред во Македонија и прв во Македонска Каменица. Станува збор за супер- маркет од 270 m2, кој секој ден во неделата од 07:30 часот до 21:00, ќе ги опслужува потрошувачите од Македонска Каменица со врвна услуга и широка лепеза на производи. Маркетот вработува 10 лица од Македонска Каменица, кои во изминативе месеци работеа и беа обучувани според високо поставените стандарди на компанијата.

Присутниот менаџерски тим го изрази задоволството од доаѓањето на компанијата „Жито Маркети“ во Македонска Каменица, при што нагласија дека во иднина редовните купувачи ќе бидат изненадувани со бонус и гратис акции, како и цени прилагодени за сечија потрошувачка кошница.

Како специјален гостин на свеченото отворање на првиот „Жито Маркет“ во градот беше градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова која ја пресече црвената лента за започнување со работа на супер маркетот. Свечената прилика ја искористи да го изрази задоволството што компанија како „Жито Маркети“ ја најде Македонска Каменица на својата мапа на интерес и од денес каменичани ќе имаат поголем избор при пазарењето и ќе имаат можност ги користат услугите на овој успешен трговски бренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *