Започна производството на првите 4000 маски за потребите на општина Македонска Каменица

Македонска Каменица, 24.03.2020 година – Oпштина Македонска Каменица обезбеди производство на 4 000 медицински заштитни маски за потреби на Општината, граѓаните и службите вклучени во борбата против коронавирусот.

Повеќенаменските маски првично ќр бидат наменети за потребите на полицијата, медицинските лица, комуналните работници и пожарникарите. Платнени повеќенаменски маски ќе им бидат делени и на учениците од основно и средно образование, волонтерските мобилни тимови формирани од општината, на лицата од Дневниот центар, на Здружението на пензионери, хронично болните и на сите лица од социјално ранливите категории.

Во моментов се изработуваат околу 4000 парчиња маски, од платно за повеќекратна употреба, а според потребите и развојот на ситуацијата, производството и делењето на истите ќе продолжи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *