Започна изградбата на нова градска улица во центарот на Делчево

Започнаа градежните работи за изградба на нова улица во централното градско подрачје во Делчево. Станува збор за изградба на улицата „3“ која ќе го поврзува новиот градски пазар, односно ул „Индустриска“, со пешачкиот мост на река Брегалница.
„Улицата „3“ е проектирана за изградба во должина од 370 метри, со ширина на коловозот од 6 м и изградба на тротоар од едната страна со ширина од 2 метри. Улицата ќе биде изградена со два асфалтни слоја. Во моментов се вршат земјени работи, а ќе се постави и потребната подземна инсталација. Градежните работи за изградба на улицата ги изведува фирмата „БАУЕР-БГ“, – истакна градоначалникот Трајковски, дополнувајќи дека Вредноста на проектот изнесува 7.493.900 ден. Поголем дел од средствата, односно 5.266.748 денари се обезбедени како под-заем преку проектната единица на Министерство за финансии и проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2 финансиран преку Светска Банка. Останатите средства се обезбедени по пат на кофинансирање од Буџетот на Општина Делчево.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *