Започна бербата на сината слива во Пијанец. Приносите никогаш послаби од годинава

Почна бербата на сливите во Пијанец. Се бере она што остана од мразот и сушата или само 5% од очекуваниот род за оваа година. Овоштарот Славчо Гоцевски кој има 130 декари со сливи, оваа година нема ништо да набере.

  • Нема сливи, дел измрзнаа, дел уништи сушата, дел градот, кажа Славчо Гоцевски, овоштар.

Откупната цена на сливите оваа година се движи од 25 до 30 денари, цена која скоро три пати поголема од минатогодишната. Па Гоцевски, наместо да заработи 50 илјади евра, книжи загуби.

  • Сум инвестирал во препарати, орање, вкупно 10 илјади евра сум дал, рече Гоцевски.

Големи штети има и на насадите со сливи од Рудине ММ, каде наместо 1000 тони ќе се наберат само 70.

  • Поларните температури во јануари, мразот во април, градот, сушата, сето тоа се одрзува негативно на родот, дополни Мирко Гоцевски, агроном Рудине ММ.

Годината за овоштарите во Пијанец, како и претходната беше тешка, па сега тие го очекуваат од државата  ветеното обештетување.

  • Проценки има, треба да обештетат да можеме да го одржиме производството, смета Гоцевски.

И од единствениот преработувачки капацитет „Агромакс“ од Берово, трпат загуби. Оттаму потенцираат дека е намален откупот на сливите, што се компензира со други култури,но за разлика од овоштарите, за производството на брендирани производи од Малешевијата, не се очекуваат никаква помош ниту поволности од државата, па тешката година ќе ја поминат како знаат и умеат.

Дека во регионот каде сливата е бренд нема род, потврдуваат и од МЗШВ. Тие по направените проценки на теренот од штетите од мразот пресметале дека регионот каде во добра година се берат од 4-5 илјади тони сини сливи, годинава ќе даде род од само 5% или едвај 250 тони. Штетите од мразот кај сливата се пресметани со над 2 милиони евра.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *