Започната едукативна акција за превенција и спречување на пожари во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 21.09.2020 година – Во Македонска Каменица започна едукативна акција за превенција и спречување на пожари. Акцијата е во реализација на ПООН Македонска Каменица и општина Македонска Каменица, а ќе биде реализирана во соработка со МЗШВ – Шумска полиција и ТППЕ Македонска Каменица.

Целта на акцијата е едукација на граѓаните преку изготвени прирачници, постери и флаери за совесно однесување во шума и отворен простор. Исто така едукативната акција нуди начини на безбедно дислоцирање на градинарски и полски отпад без негово горење на отворен простор, што претставува дополнителна опасност за предизвикување на пожар особено во есенскиот период.

Од страна на ПООН Македонска Каменица, ТППЕ и МЗШВ Шумска Полиција – Македонска Каменица флаери, постери и прирачници ќе бидат поделени и поставени на повеќе видни и фрекфентни места, како во урбаната така и во руралните средини од општина Македонска Каменица.

Надлежните апелираат до граѓаните и земјоделците, да не палат оган на отворено, но и да не оставаат лесно запаливи материјали на небезбеден простор каде можат да предизвикаат пожари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *