Завршен е Проектот за „градење капацитети за одржливо користење на екосистемски услуги“ во кој учествуваше ЕД Здравец од Македонска Каменица

Во рамките на проектот  „Градење капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони (CAPLOCOM)“ .

Проектот е финансиран од: Преку граничната програма за соработка: Interreg – IPA CBC 2014-2020, помеѓу Р. Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор: RD-02-29-68/05.03.2021

Водечки партнер: Локална агенција за економски развој, Разлог

Партнери: Еколошко друштво Здравец 2002, Македонска Каменица  и Институт за шумарство, Бугарска Академија на науки и уметности, Софија

 

Изработени се следните публикации:

  1. Насоки за имплементација на најдобри практики за управување на регионално ниво
  2. Eдна заедничка „Долгорочна стратегија за унапредување и интегрирање на екосистемскиот концепт во управувањето со Осоговските планини“.
  3. Анализа на влијанието на климата и промената на користењето на земјиштето врз услугите и ресурсите од планинските екосистеми во прекуграничната област Република Бугарија – Република Македонија
  4. Водич за спроведување најдобри практики за одржливо управување со планинските подрачја во прекуграничниот регион

Сите публикации се јавно достапни за преземање од веб страницата на еколошкото друштво Здравец 2002:  www.zdravec2002.org.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *