ЖФК Каменица САСА против Љуботен за одбрана на титулата во Купот на Македонија

Стадионот “Ѓорче Петров” во Скопје, утре со почеток од  16:00 часот, ќе ги прими екипите на ЖФК Љуботен од Тетово и ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица како финалисти во Купот на Македонија.

Утрешното големо финале од Купот на Македонија директно ќе биде пренесувано на МРТ.

Овие две екипи се директни конкуренти за освојување и на шампионатот на Македонија, каде во моментов Љуботен има минимална предност пред девојките од Македонска Каменица. Победникот ќе биде решен буквално во последниот натпревар од првенството кој ќе се одигра пред тетовската публика.

Рудник САСА Македонска Каменица
Општина Македонска Каменица

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *