ЖФК Каменица САСА и Тиверија одиграа без голови

Дербито на дваесетото коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија помеѓу екипите на ЖФК Тиверија и ЖФК Каменица САСА заврши без погодоци.

Стратегот на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски натпреварот го оценува како еден од најдобро одиграните натпревари во оваа натпреварувачка сезона, иако неговата екипа се врати од Струмица само со бод!
– Нерешен резултат на гостувањето во Струмица кај одличната екипа на Тиверија. Можеби најквалитетниот натпревар сезонава изигран во ПЖФЛ, честитки девојки, – истакна Златковски во објавата на социјалните мрежи

Следното коло ЖФК Каменица САСА го пречекува ЖФК Кочани како загревање пред гостувањето во Тетово против ривалот за титулата во шампионатот, екипата на Љуботен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *