ЖФК “КАМЕНИЦА САСА” Е ФУДБАЛСКИ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

Македонска Каменица, 06.05.2020 година – ЖФК Каменица Саса ќе биде шампион на Македонија во Првата женска фудбалска лига. По 14 одиграни кола девојките од Македонска Каменица се на првото место со 40 бодови, три повеќе од второпласираната ЖФК Тиверија.

Иако ЖФК “Каменица Саса” како клуб е формиран пред само две години, каменичките девојки во оваа натпреварувачка сезона беа неприкосновен лидер на табелата од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Радоста и причините за славје секако ќе беа поголеми доколку првенството беше доиграно до крај, но оваа одлука на ФФМ е сосема очекувана со оглед на вонредните состојби и околности во државата.

Ова ќе биде првата фудбалска титула за нашиот град во историјата на самостојна Македонија.

Каменица има шампион!

#ОдимеНапред

#ОдимеДоКрај

#КаменицаУбавГрад

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *