ЖКК Баскет Кам пресилен за ЖКК Пелистер од Битола

 

Македонска Каменица – Денес, во рамки на 17.Коло од Првата македонска кошаркарска лига во женска конкуренција, во спортската сала во Македонска Каменица се одигра натпреварот помеѓу ЖКК Баскет Кам и ЖКК Пелистер од Битола.

Можеме слободно да кажеме дека денешниот натпревар беше со извесен резултат, бидејќи каменичанки на претходниот натпревар кој се одигра во рамки на есенскиот дел од првенството во Битола славеа со +9 разлика. Постојаната двоцифрена предност во текот на целот натпревар, каменичанки на крај успеаа да ја крунисаат во сопствена корист со 60:45.

Иако најефикасни на теренот од редовите на ЖКК Баскет Кам беа Сара Спировска со 31 поен, потоа Стефани Колева со 14 и Моника Зафировска со 11 поени, тренерот Јордан Цветановски нагласи дека, денешната значајна победа е резултат на заедничката игра и целосната посветеност и залагање на сите кошаркарки на теренот.

Со оваа победа, ЖКК Баскет Кам се наоѓа на 5.место на табелата и останува во игра за 4 место кое носи пласман во Ф4 разигрувањето. Ова ќе биде огромен успех за младиот тим од нашиот град, знаејќи го фактот дека ова е нивно прво прволигашко првенство во кое настапуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *