ЖКК Баскет Кам на две кола пред крајот го осигура шампионското место во Првата кошаркарска лига на Македонија

ЖКК Баскет Кам на две кола пред крајот го осигура шампионското место во Првата кошаркарска лига на Македонија

ЖКК Баскет Кам му носи нова причина за славје на нашиот град! Македонска Каменица повторно е шампионски град! ЖКК Баскет Кам е шампион во регуларниот дел во Првата кошаркарска лига на Македонија!

 

Составот на Баскет Кам 2011 ја прекина мини-серијата на неуспешни игри со победа во Струга. Екипата од Македонска Каменица стигна до нималку лесен триумф (60:54), кој им дава комфорна предност од две победи (скор 10-2), во однос на двоецот Бадел 1862 и Вардар (двете по 8-4).

На дуелот во салата „Нико Нестор“, видливо беше „враќањето“ во тимот на Димова, која реализираше 17 поени (имаше и пет скока), одлична игра прикажа и Милованова која заврши со 15 поени и пет скока, а двоен број на поени – 10 имаше и Тасевска. Во домашната екипа, Ли и Алексиевска дадоа по 14, Стојаноска пак постигна 11 поени.

 

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Крива Паланка – Гризли            94:62

Струга 2009 – Баскет Кам 2011           54:60

Вардар – Пробаскет        93:51

МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862 63:65

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 22, Бадел 1862 20, Вардар 19, Крива Паланка 19, МЗТ Скопје Аеродром 18, Струга 2009 17, Гризли 15, Пробаскет 12;

ИДНО КОЛО (11.03)

Струга 2009 – Крива Паланка

Пробаскет – Гризли

Баскет Кам – МЗТ Скопје Аеродром

Бадел 1862 – Вардар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *