ЖКК Баскет Кам (М12) го совлада ЖКК Патриот (М12). Две продолженија и трилер завршница на супер дербито во Делчево

Двете непоразени екипи во младинското кошаркарско првенството во М12 категорија (жени) приредија вистинска драма во меѓусебниот дуел одигран вчера во Делчево.

Фото: архива на каменица.мк
Фото: архива на каменица.мк

Во трилер завршницата ЖКК Баскет Кам М12 успеа со 37:35 да слави против ЖКК Патриот Делчево. За огромната желба и мотивираност за победа во соседското дерби и изедначеноста по квалитет говорат и двете продолженија на натпреварот.

Со вчерашната победа најмладата екипа на ЖКК Баскет Кам останува единствена непоразена екипа во категоријата. Кошаркарките од Македонска Каменица до 12 годишна возраст, како и сениорскиот тим на ЖКК Баскет Кам ќе презимат како есенски шампиони на Македонија.

Фото: архива на каменица.мк

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *