ЖКК Баскет Кам му нанесе нов катастрофален пораз на ЖКК Клубски Патриот во Делчево

Во рамки на 13. коло на Првата женска кошаркарска лига на Македонија, денес во Делчево екипите на КК Клубски Патриот и КК Баскет Кам одиграа натпревар со извесен исход уште по завршувањето на првата четвртина која што заврши со 06:23 во корист на гостинките.

Екипата на Клубски Патриот со конечните 26:77 го доживеа и вториот катастрофален пораз сезонава од супериорните каменички кошаркарки на Баскет Кам.

Најефикасна на теренот беше Сара Спироска која успеа да постигне скоро ист број на поени колку целата екипа на Клубски Патриот. Покрај Сара Спироска со 24 поени, одлична партија одиграа и Стефани Колева со 19 и Моника Зафировска со 18.

КК Баскет Кам денес ја оствари седмата победа сезонава, за пласман на 5. место на табелата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *