Жителите на штипски Љуботен буквално се тапаат за вода

Тензично во штипски Љуботен. Селаните буквално се тепаат за вода, откако резервоарот и чешмите пресушија, па сега вода може да се наполни само од една оскудна чешмичка:
  • Доаѓам по неколку пати во денот, носам по две туби, ова е голема мака, вели Јаким Тасев, жител на с. Љуботен.
  • Секој ден носиме вода, не се издржува, кој век сме, вели Блажо Цветановски, жител на с. Љуботен, жител на с. Љуботен.
  • Ова чешма не ни е решение, дома имаме апарти не можеме да ги користиме, кажа Велин Цветковски, жител на с. Љуботен.

Состојбата дополнително лоша ја прави и самоволието на поединци од селото, кои наместо за сите, водата со пумпи ја насочувале кон сопствените ниви, обвинуваат овдешни жители:

  • Имаме претседател на МЗ кој не води сметка за ништо. Пред некој ден ги однесов магарињата да ги напојам, вода нема, а пумпа работи во соседната нива и ја вади бавчата. Откако с епобунив, скокна да се тепа со мене и да ми се заканува, а се заканувал и неколкупати пред селаните, кажа Блажо Цветановски, жител на с. Љуботен.

До средината на деведесеттите Љуботен со вода се снабдуваше од резервоар изграден од некогашен ЗИК Црвена Звезда, на кој подоцна беше поставен и цевковод.

Оштетувањата на цевководот, ги принуди овдешните жители наместо од резервоар, со вода да се снабдуваат од природни извори.

Но годинашнава суша, издашноста ја намали на минимум, со што почнаа и проблемите за сите, па сега повторно се размислува за активирање на одамна напуштениот резервоар, за што е потребна и помош од надлежните.

Во меѓувреме, кавгите, нетрпеливоста и лошата крв се вселија меѓу некогашните соседи, роднини и пријатели, кои за капка вода еден на друг гледаат со закрвавени очи.

Извор: TV Star

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *