ЖИТЕЛИТЕ НА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЕДНА ГОДИНА ИСПИЛЕ 2 МИЛИОНА КУТИИ ЛЕКОВИ

Проблеми и болести го притиснаа народот. Лекови се трошат како никогаш. За само една година, жителите од Истокот, испиле два милиона кутии лекови, или по 13 кутии по човек, што е над републичкиот просек.

Само за лекови кои се на товар на Фондот за здравство, лани се потрошени речиси четири милиони евра.

Здравјето многу и нагло им попуштило на жителите во Кочани, Берово, Зрновци и Делчево, каде за напишани 69.000 рецепти, повеќе од лани.

Пораст на потрошувачката на лекови , има речиси во сите општини од регионот, а граѓаните се едногласни во ставот, дека без лекови – нема живот:

  • Пиеме секој ден, за срце , за притисок, еве ги, полно ќесе, велат анкетирани штипјани.

Најчесто користени се лековите за висок крвен притисок и седативите, главно дијазепамот:

  • Мојата сопруга пие, секој си е со своите проблеми и болести, животот е таков што мора д апиеме, велат анкетирани од Делчево.

Кон дијазепамот и другите седативи рака најчесто пружаат се помлади пациенти. Оние постарите, кон ваков вид на лекови, немаат многу доверба:

  • Јас не пијам. Имам рецепта, ми ги препишаа, ама не ги пијам. Човек мора сам да се избори со мислите и проблемите, смета жителка на Делчево.

Но, вакви се многумина. Најголемиот дел од граѓаниет , спасот од секојдневните проблеми го гледаат во лековите. Официјално, со рецепта се испиени 2 милиона лекови , но на своја рака и во вид на суплементи, бројот на испиени лекартсва е многу поголем и по некои слободни проценки, годишно за нив во регионот се трошат од 6-8 милиони евра.

Извор: ТВ Стар – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *