Жителите на Буќерско маало добија асфалтен пат

Македонска Каменица, 04.05.2022 година – Општина Македонска Каменица објави вест дека започна асфалтирањето на локалниот пат до Буќерско маало, дел од Стара Каменица.
„Во текот на денешниот ден, овој пат кој е во вкупна должина од 510 метри и ширина од четири метри (асфалт во ширина од три метри и банкини од двете страни по 0.5 метри) ќе биде комплетно завршен“, – стои во изјавата од Општината, од каде најавуваат дека „По поставување на пропусти и крилни ѕидови на мост ќе биде асфалтирана и улица Церска. Согласно динамиката, оваа улица ќе биде комплетно завршена до крај на месец мај“.
Со тоа, во овој дел од Македонска Каменица ќе бидат асфалтирани повеќе од 3 километри.
По завршување на овие улици, како што стои во соопштението, општина Македонска Каменица најавува продолжување на активностите во останатите населени места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *