Жива кочанка прогласена за мртва

58- годишната кочананка Јаворка Дончева завчера жива е прогласена за почината. Некој од кочанската болница се јавил на семејството и изразил сочувство соопштувајќи дека таа штотуку починала. Веста била прифатена болно, но и без сомнеж зашто Дончева пред само неколку часа била однесена во болницата:
„Се има случено на мајка ми која е тешко болна, има два мозочни удари викнавме брза помош ја прегледаа и докторот кој ја прегледа ја качи во колата и ја однесоа во болница. По неколку часа не известија дека до крајот на денот вашата мајка нема да преживее, а во текот на денот ни кажаа декае вееќ почината“ изјави Благојче Дончев, син на Јаворка
Погодени од наводната смрт најблиските веднаш се организирале. Испечатени биле и залепиле некролози, нарачале погребална опрема, а ги известиле и најблиските .
„Ние како и секогаш за тие 2 саата отидовме да спремаме се што е потрбно за погреб.Да направиме некролози и беше се спремно. Синот на жената ни ги покажа и нектролозите и дека се е спремно“ изјави Силвија Накова управител на пограблно „Горица Гиш“-Кочани
Откако се било подготвено за погреб, најблиските во болницата отишле по телото каде ги дочекал уште еден голем шок за само неколку часа.
„Одиме да ја земеме мајка ми и не знаат каде е ова мора да го знае министерот“ изјави Благојче Дончев, син на Јаворка
Иако оваа трагикомична приказна за кочанското семејство има срекен крај, сега прашањето за болничката (полициската) истрага Кој ја соопшти лошата вест? Дали станува збор за кардинална грешка и неопростиво професионално однесување или пак за нечие сценарио на црн хумор?
„Во ПС станица во Кочани поднесовме адекватни изјави за случајот кои понатаму треба да истражи што се случило“ изјави Благој Серафимов, директор на Општа болница – Кочани
Кој си поиграл со емоциите на семејството и се работи ли за случајна или намерна грашка, ќе утврди полицијата. Потоа веројатно ќе следува и приватна тужба од семејството.
Инаку, жаната која предвреме беше прогласена за почината , во моментов е сместена на Интерното одделение и нејзината состојба се подобрува.

Извор: ТвСтар Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *