Ефес го повлече дресот на Петар Наумоски

Повеќератниот турски кошаркарски шампион Анадолу Ефес (порано Ефес Пилсен) вчера го повлече дресот со број седум во чест на славниот македонски кошаркар Петар Наумоски. Тој неколку сезони го носеше дресот на оваа турска екипа и притоа освои четири шампионски титули во Турција, исто толку трофеи во турскиот куп и во „Претседателскиот куп“ на Турција, како и еден европски трофеј во Купот Радивое Кораќ. Дресот ќе биде дел од Арената „Абди Ипекчи“, каде досега има обележје, единствено тренерот на оваа екипа, од времето кога настапуваше Наумоски, Ајдин Орс. Ова е прв случај кога странски клуб повлекува од употреба дрес на еден Македонец, во било кој спорт.

извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *