ЕУ: Македонија да почне пристапни преговори

Министрите за надворешни работи и европски прашања го отворија патот на земјата кон полноправно членство. Одлучија безусловнo да одобрат почеток на преговори на денешниот совет на министри за надворешни работи. Заложбите дека Европската комисија ќе ја збарза работата гаранции даде и  еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, честитајќи им на Македонија и Албанија за добиената препорка за преговори.

„Им честитам на двете земји за кои земјите-членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори, со ова го враќаме во колосек прашањето на проширување на ЕУ. Обете земји ја забрзале работата од октомври 2019 и испорачаа резултати на многу полиња. Северна Македонија со Договорот од Преспа и Договорот за соработка со Бугарија е пример за цел регион и треба да забрза кон почнување на преговорите“, рече Вархеји на прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на министрите.

Иако Албанија е зад нас, и МАкедонија прединачи со над 50 проценти усогласно законодавство со она на унијата, сепак тоа не е предуслов за брзо членство.

„Јас би рекла, колку е поголема усогласеноста, толку подобро. Земајќи го предвид за пример моето искуство на Хрватска, како последната земја која се зачлени, за преговорите за членство навистина е потребно време, затоа што за спроведувањето на реформите, промените во законите и потоа да имате и добри резултати за нивната примена навистина е потребно време.“

„Мојата проценка секако е дека 50% не е доволно за членство. Тоа значи дека е завршена половината од законодавната работа. Ако ова се вистинските податоци а не сум сигурен дека е така, но не сакам сега да нагаѓам за ова.“

Владата ја пофали одлуката, а техничкиот премиер Оливер Спасовски, рече дека се должи на преспанскиот договори и догворот за добрососество со Бугарија, но и сите системски реформи кои ЕУ ги побарала за зимантиве 2 години.

Зад заслугите застанаа и вицепремиерот Бујар Османи и надлежниот министер Никола Димитров.

Вархеји, пак, нагалси дека преговарачката рамка ќе биде готова веке во јуни, а формалниот почеток со таканарачената меѓувладина конференција не е утврден. Но, не се отфрла можност тоа да се случи веќе или најдоцна до крајот на годината. Советот на министри дополнително ја поканува Комисијата да продолжи да го следи напредокот и континуираната усогласеност во сите области на условите утврдени од Советот во јуни 2018 година поврзани со отворање на преговори и да го спроведе и заврши процесот на аналитичко испитување на усогласеноста на земјата со правото на ЕУ, почнувајќи од кластерот за „основи“. Инаки кластерот „основи“ ги опфаќа поглавјата 23 и 24, за правосудство и човекови права како и правда слобода и безбедност, а со новата Методологија додадени се: економскитe критериуми, функционирање на демократски институции, реформа на јавната администрација, јавни набавки, статистика и финансиска контрола. Сега, откако се усвои одлуката, се отвора писмена процедура за нејзино формално одобрување од сите земји-членки, со што одлуката стапува на сила. Првата меѓувладина конференција го означува формалното отворање на поглавјата кои се преговараат, а претходно Европската комисија треба да изготви преговарачка рамка, која исто така треба да биде усвоена од земјите членки. За да почне процесот и Македонија ќе треба да изготви сопствента преговарачка рамка.

Павле Беловски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *