ЕУРО 2020 ќе се игра во декември

Британски „Телеграф“ објави ексклузивна информација поврзана со Европското првенство во фудбал кое на програмата треба да биде од 12 јуни до 12 јули. Според овој извор УЕФА ќе го помести континеталниот шампионат во декември.

„УЕФА ќе ги разгледа опциите за да го префрли ЕУРО во друг термин. На тој начин на Премиер лигата и на другите клупски натпреварувања ќе им овозможи да ги надоместат натпреварите кои се одложени поради хаосот што го направи коронавирусот. За радикалните предлози ќе се расправа во вторник“, пишува „Телеграф“.

Исто така „Телеграф“ тврди дека натпреварите од Лигата на шампионите и Лига Европа ќе бидат префрлени и ќе се играат во летниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *