Еуростат: Секој петти Македонец се бори против сиромаштија

Секој петти Македонец е во голем ризик од сиромаштија. Ова се поразителните податоци кои денес ги објави агенцијата Евростат, анализирајќи ги процентот на сиромаштија и нееднаквост на приходите. Според нив, 21,5 % од населението речиси и да немаат ни за леб.

Овој процент на Истокот е многу поголем, каде водечка стопанска гранка се кожарската и текстилната индустрија , кои се со најмали просечни плати од одвај 12.000 денари.

Дополнително, околу 20 % од населението се невработени, а околу три отсто се корисници на социјална помош.

Ова во пракса  се рефлактира во сé поголемите редови пред народните кујни, односно во се поголемиот број на гладни луѓе:

  • Живееме сами со брат ми. Примам 2.000 денари социјална помош, ако не е народната кујна храна немам од никаде, вели корисник на народна кујна во Штип.

Кај 90 % од ромското население, главен извор на егзистенција се пластичните шишиња кои тие ги собираат по контејнерите:

  • Од тоа живееме. Со брат ми веќе неколку години одиме по контејнерите и вадиме шишиња кои потоа ги продаваме, нема друго, вели Најше од Штип.

Од друга страна,  дури 28 % од пензионерите живеат со минимална пензија, односно сиромашно:

  • Оваа сиромаштија си го прави своето, а трае веќе подолго време, велат анкетирани.

Македонија, во континуитет е на самото европско дно, коаг ев о прашање економијата. Оттаму веројатно нема да се одлепи уште долго, барем ако се суди според Бруто домашниот производ, кој е најмал во Европа.

Имено, паритетот на куповна моќ во Македонија е  2.700 долари по жител, најблиску до нас по мизерија се Србите со 3.000; Турција со 3.200 и Бугарија со 3.800 долари. Колку за илустрација, куповната моќ на жителите од Луксембург е 17.600 долари  по жител, што е за шестипол пати повеќе од македонскиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *