Енди Мареј со вчерашната победа во Париз го потврди првото место на АТП-листата, а со тоа дојде до предност од 405 бода во однос на Новак Ѓоковиќ, кој после долга пауза падна од врвот на табелата.
Ѓоковиќ загуби 820 бода бидејќи ја бранеше титулата, па Мареј успеа да се најде на врвот на табелата и веќе е нов лидер.
Новата АТП-листа изгледа чудно бидејќи после подолго време меѓу најдобрите десет го нема Роџер Федерер кој не игра веќе извесно време поради повреда така што доживеа пад и сега е дури на 16. позиција.
Од македонските тенисери рангирани се петмина. Томислав Јотовски е на 765. место, Димитар Грабул на 998. позиција, додека другите тројца се надвор од првите 1000. Се работи за Горазд Србљак (1262), Бојан Јанкуловски (1764) и Стефан Мицов (2057).
АТП-ЛИСТА (ТОП 20)
1. (2) Енди Мареј (Велика Британија) 11.185
2. (1) Новак Ѓоковиќ (Србија) 10.780
3. (3) Стен Вавринка (Швајцарија) 5.115
4. (5) Милош Раониќ (Канада) 5.050
5. (4) Кеи Нишикори (Јапонија) 4.705
6. (7) Гаел Монфис (Франција) 3.625
7. (10) Марин Чилиќ (Хрватска) 3.450
8. (6) Рафаел Надал (Шпанија) 3.300
9. (8) Доминик Тим (Австрија) 3.215
10. (11) Томаш Бердих (Чешка) 3.060
11. (12) Давид Гофан (Белгија) 2.780
12. (13) Жо-Филфред Цонга (Франција) 2.550
13. (14) Ник Кирјиос (Австралија) 2.460
15. (17) Лукас Пуј (Франција) 2.160
16. (9) Роџер Федерер (Швајцарија) 2.130
17. (18) Григор Димитров (Бугарија) 2.035
18. (19) Ришар Гаске (Франција) 1.885
19. (27) Џон Изнер (САД) 1.850
20. (20) Иво Карловиќ (Хрватска) 1.795