Експресно отстранета карпата тешка 4 тона на патот кон Кочани

Отстранета карпата тешка 4 тона која го попречуваше движењето на патниот правец Делчево – М.Каменица – Кочани кај село Истибања. Такси превозници кои сообраќаат на релација Делчево – Скопје потврдија дека патот е чист и дека утрово немало поголеми проблеми со нови одрони на коловозот.

-Состојбата е добра, на патот не наидовме на поголеми проблеми со одрони, освен неколку ситни камчиња кои се наоѓаат на неколку места од делницата М.Каменица – Кочани и од Делчево до М.Каменица, информираат такси превозниците.

Од ,,Македонија пат” сепак препорачуваат и понатаму внимателно возење.

-Делницата се уште е влажна и поради огромните количини дожд кои наврнаа се очекува во текот на денот да имаме слична ситуација. Затоа и понатаму апелот е внимателно да се вози и доколку возачите забележат поголеми проблеми веднаш да не известат, велат од ,,Македонија пат”.

Од утрово во Пијанечко-малешевскиот крај на одредени места се вози по влажни коловози и на места под снег. Снежната покривка го зафати Делчево, Пехчево и Берово, но истиот не се задржува предолго на коловозите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *