Еколошка мерка: Поскапа регистрација за постарите автомобили

Возилата кои емитуваат поголемо количество на штетни честички да плаќаат повисока цена за регистрација е една од мерките кои се разгледуваат како алтернатива за намалување на аерозагадувањето.
Министерството за економија засега не октрива детали, а како што пренесува Алфа, единствената официјална информација е дека сите автомобили ќе добијат еколошки налепници кои ќе бидат во различна боја и ќе означуваат кој автомобил колку загадува.
На овој начин, многу лесно би се направила дистинкција помеѓу оние кои треба да бидат исклучени од сообраќајот при енормно загадување на воздухот.
Покрај поскапата регистација на постарите возила, предвидено е менување на табличките на такси превозниците, сите таксисти ќе треба да добијат жолти регистрации со што би се одвоиле од останатите автомобили.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика на македонските патишта, заклучно со крајот на 2015-та година, имало вкупно 383.833 регистрирани автомобили. Најголем дел од нив, 261.470, се произведени пред 2002-та година односно се постари од 15 години!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *