„Еколошка буна“ пред фабриката за хартија во Кочани

„Еколошка буна“ пред фабриката за хартија во Кочани

Со пораки „Сакаме чист воздух за нашите деца“ и „Стоп за Пејпер Мил и загадувачите“ жители на Кочани со блокади на патот по четврти пат на улица со блокади побараа затворање на фабриката за хартија,поради како што велат, енормно загадување на воздухот

Револтираните жители велат дека загадувањето прави градот Кочани постојано да изгледа како да е под магла, што е доволен показател дека нешто не е во ред со воздухот. А сметаат и дека надлежните треба да имаат слух за нивните барања.

Здружението „Грин-орг“ има поднесено и кривична пријава против фабриката за хартија, а за нов протест граѓаните велат дека се одлучиле, поради тоа што, фабриката продолжила да работи со полна пареа, и покрај регистрираните неправилности од страна на инспекторатот и казната од 20.000 евра.

Извор: Канал5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *