Во организација на ЗРСК Шаран од Македонска Каменица на 07 Август ќе биде организиран Куп во езерски риболов. Езерото Калиманци ќе биде домаќин на најдобрите рибари од земјава и соседството кои ќе се натпреваруваат во дисциплината “Риболов со пливка”.
ЗРСК ШАРАН ги повикува сите заинтетесирани граѓани и љубители на риболовот од Македонска Каменица и пошироко да го проследат натпреварот во периодот од 09:00 до 13:00 часот.