ЕВТИНОТО „БАНСКО” СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ПРИРОДАТА НА ПИРИН

Со проектирани нови ски патеки во должина од 330 километри и околу 110 км. нови скилифтови во склоп на скијачкиот центарот Банско, разноликото природно богатство на Пирин се наоѓа пред сериозна закана.

Носејќи го епитетот „Европски главен град на евтиното скијање”, Банско со неговите релативно ниски цени во споредба со останатите европски скијачки центри (поготово во регионот на Алпите) претставува вистински рај за џебот на сите скијачи.

Од другата страна на комерцијалниот скијачки центар (кој засега има зафатено многу помал дел од целиот масив), пак, стои еден од најдивите и зачувани природни резервати и екосистеми во Европа – планината Пирин со нејзините 400 км2. Планината се смета за едно од најдобро зачуваните живеалишта на големи цицачи како кафената мечки и волци кои живеат крај чистите пасишта и густите шуми, а националниот парк е заштитен и од УНЕСКО.

СО РЕДИЦА МЕРКИ, ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЌЕ ЈА ПОДОБРУВА НАПЛАТАТА НА ЛОКАЛНИ ТАКСИ

Сепак, според прелиминарниот план за промена на концесиониот договор, подрачјето под концесија на ски центарот Банско ќе се зголеми од 99 хектари на 1077 хектари со што би се направил огромен упад во природната и дива територија на заштитената зона. Во блиска иднина, истотака, проектирана изградба на нови ски патеки во должина од 330км. и околу 110 км. нови скилифтови.

Дополнително, во планот се планираат дозволи за шумска сеча во комерцијални потреби на распространетост од околу 60% од паркот – пренесува Гардијан. Според Катерина Раковска, експерт во WWF (Ворлд Вајлд Фонд), документите покажуваат дека прелиминарниот план е точно усогласен (од страна на државата) според барањата на градежната фирма АД Улен – концесионерот на ски центарот Банско.

Минатиот месец, Интернационалната унија за заштита на природата го стави националниот парк во листата на места кои се наоѓаат под сериозна закана, поради можноста за узурпација на природата од страна на ски центарот.

Голем дел од љубителите на природата се веќе вклучени во разни протести и акции за зачувување на планината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *