Еве кои три нови имиња ќе ги бранат боите на Каменица Саса во пролетниот дел

Македонска Каменица, 05.02.2019 година – Борче Ужевски, Денис Миленов и Стојанче Костадиновски се најновите засилувања за екипата на Каменица Саса. Последнопласираниот тим во Втората лига – Исток, се обидува да донесе свежа крв во тимот и во пролетниот дел од сезоната да се обиде да се извлече од зоната за испаѓање.

27-годишниот Ужевски беше играч на Скопје и Брегалница, а сега ќе се обиде да му помогне на составот на Каменица Саса да избега од последните три места во лигата кои директно водат во третолигашка конкуренција.

Екипата на ФК Каменица САСА пред десетина дена ги започна подготовките пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, а веќе утре ќе го одигра и првиот пријателски натпревар во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *