Еве кога антибиотиците се штетни

Македонката Билјана Мојсоска, родена во Струга, е еден од научниците чие поле на интерес се токму антибиотиците. Моментално живее и работи во Данска, каде што завршила додипломски, магистрирала, докторирала, а постдокторските ги поминала во главната болница во Копенхаген, при одделот за клиничка микробиологија. Сега почнала да работи како главен истражувач во академска стартап-компанија во Копенхaген.

За проблемот со стравот кај родителите од примањето антибиотици, Мојсоска за Деца.мк вели дека според центарот за контрола и превенција на болести (CDC), околу 30 % од антибиотиците во САД се препишани без потреба. Според неа, како резултат на неодговорната употреба на антибиотиците се крева паника во едно општество и се губи довербата во овој вид лекови, кој уште од самото откривање во раните 30-ти години е едно од најголемите откритија во медицината.

За тоа кога е опасен антибиотикот прочитајте на ОВОЈ ЛИНК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *