Дури 73% од граѓаните на Србија не сакаат војна за Косово. Воинствени само младите од 15 до 29 години

73 % од анкетираните сметаат дека не треба да се влегува во војна со Косово, десет отсто сметаат дека треба да се војува со Косово, а 17 отсто одговориле дека „не знаат“.Според истражувањето дури и мнозинството од десничарските партии, како Српската радикална партија и Двери не се подготвени да фатат оружје в рака поради поранешната српска покраина.

Највоинствени се младите меѓу 15 и 29 години, од кои 15 отсто би тргнале во војна за Косово, покажува анкетата, изработена со поддршка на норвешкото Министерство за надворешни работи од 26 декември до 14 јануари на примерок од 1.403 полнолетни државјани на Србија.

Што се однесува до членовите на политичките партии, 70,6 отсто од анкетираните од Српската прогресивна партија сметаат дека не е оправдано да се војува со Косово, кај Демократската партија тој процент е 86, 5, а истиот став го имаат и 70,2 отсто од приврзаниците на Социјалистичката партија на Србија.

За Косово не би војувале ниту 57,5 отсто од анкетираните од Двери, 87 отсто од приврзаниците на Либерално-демократската партија и 50 отсто од Српската радикална партија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *