Дури осум кошаркарки на КК Баскет Кам 2011 влегоа во составот на младинските кошаркарски репрезентации на Македонија

Дури осум кошаркарки на КК Баскет Кам 2011 влегоа во составот на младинските кошаркарски репрезентации на Македонија.

Како што информираа од тимот три кошаркарки влегуваат во составот на М-20 репрезентацијата. Се работи за кошаркарките Моника Зафировска, Елена Тасевска и Ива Чолаковска, кои ја продолжуваат традицијата на КК Баскет Кам 2011 за учество во националните бои на кошаркарската репрезентација.

Во списокот на женската М-18 репрезентација на Македонија од Баскет Кам се најдоа Марија Николов и Ана Милованова.

Стела Стојановска е дел од составот на М-16 репрезентацијата, а Матеја Владимирова и Милена Зафировска веќе бележат успешни настапи во составот на М-14 репрезентацијата на Македонија.

Учеството во репрезентативните бои на Македонија, стручниот тим го бележи како уште еден голем успех на Баскет Кам и потврда за подемот на клубот во национални и меѓународни натпреварувачки рамки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *