Државата ќе реконструира три регионални патишта на Истокот, во вкупна должина од 27 километри

Државата ќе реконструира три регионални патишта на Истокот, во вкупна должина од 27 километри.

Во програмата за санација, влезени се патот од Делчево до село Ѕвегор во должина од 5 километри, регионалниот пат од Делчево до Пехчево во Должина од 15 километри и делница од патот Берово- Виница во должина од 7 километри.

Јавното претпријатие за државни патишта веќе го потпиша договорот со проектантска компанија, која треба да изработи концептуални проекти во рок од четири месеци, по што би започнала работата на терен.

Освен овие три патишта на Истокот, во истата програма се влезени уште 9 други регионални правци, чија вкупна должина изнесува 166 километри. За оваа намена, обезбедени се 14 милиони евра, средства земени како кредит од Светска банка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *