Дојде Црниот петок- непотребно трошење како утре да нема

Потрагата по попусти на Црниот петок и Сајбер понеделник брзо се шири низ светот, а трговците најдоа начин да искористат една типично американска традиција во нивна корист. Експертите предупредуваат дека се презаситува.

Brasilien Black Friday (Imago/Xinhua)

Во САД, Денот на благодарноста секогаш се слави на четвртиот четврток во ноември. Следниот ден стана познат како Црн петок (Black Friday), што е и неофицијален почеток на Божикната шопинг сезона. Купувачите го претворија овој ден во најголемиот поединечен шопинг ден во годината. Некои продавници почнаа да отвораат на полноќ за да ја зголемат продажбата со сето пропратно туркање, викање и чекање ред.
Но, како што се зголемуваше бројот на луѓе кои купуваат онлајн, следниот понеделник беше прогласен за следната голема работа, Сајбер понеделник, со уште повеќе возбуда и попусти.


Германците, кои не го ни слават Денот на благодарноста, и кои не се познати по екстравагантно трошење, сега стравуваат дека оваа пракса доаѓа и кај нив. Нивните стравови се претерани, затоа што феноменот е веќе тука. Минатата година, околу 16 проценти од Германците купувале онлајн на Црниот петок во потрага по големи попусти.


Германската трговска асоцијација проценува дека минатата година на Црниот петок и Сајбер понеделникот на онлајн трговците им донеле заработка од 1,7 милијарди евра, или одделно, 170 евра по купувач на Црниот петок и 120 евра по купувач на Сајбер понеделникот. Годинава тие бројки ќе бидат надминати.

Прочитајте повеќе:

– Црниот петок носи милијарди евра профит

– Фестивус: анти-комерцијалниот Божик на Сајнфелд

Заситен пазар?

Во Германија многу трговски експерти сметаат дека пазарот е заситен. Германците се подобри штедачи одошто трошаџии. Во обид да ги наведат Европејците да ги отворат своите паричниците, трговците организираат се повеќе настани како Црниот петок и Сајбер понеделникот- во прв ред германските филијали на Ибеј и Амазон- користејќи ги своите извежбани американски трикови.

 

Но, давањето попусти во неколку денови во годината може да се претвори во зависност, како за трговците така и за купувачите. Откако купувачите ќе почнат да ги очекуваат, трговците мораат се почесто да ги даваат. Тоа е маѓепсан круг.
Најчестото објаснување за Црниот петок е дека на овој ден трговците конечно ги израмнуваат сметките (одат во црно). Сѐ што ќе биде заработено по овој ден е профит. Но, колку повеќе попусти се нудат, уште повеќе ќе се очекуваат. Продажбата на стоки- онлајн или во продавници- со полна цена ќе станува сѐ потешко.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *