Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти на Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје – 339, Куманово – 262, Прилеп – 89, Дебар – 49, Струга – 47, Тетово – 43, Велес – 36, Штип – 31, Кочани – 25, Гостивар – 10, Битола – 9, Охрид – 9, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Гевглелија – 4, Кавадарци – 3, Крушево – 3, Струмица – 2, Пробиштип – 2, Неготино – 2, Кичево – 1.
Досега во земјата се направени вкупно 9.762 тестирања на Ковид-19.