ДООЕЛ “МАТЕА” од Македонска Каменица е конфекцијата во која текстилните работнички преку ШТРАЈК се борат за своите елементарни права

dav

Во интерес на вистината kamenica.mk прва го објавува името на конфекцијата од Македонска Каменица во која текстилните работнички веќе неколку денови преку работнички штрајк се борат за своите елементарни права и услови за работа. За штрајкот на текстилните работнички иако известуваат повеќе регионални и национални медиуми, јавни гласила и работнички синдикати, името на конфекцијата, од сите нив заради нејасни причини, се крие и премолчува.
ДООЕЛ “МАТЕА” (во минатото позната и како ЛУКА) е конфекцијата во која текстилните работнички за работни 11 часа работни дневно, вклучувајќи и работни саботи и недели едвај добивале платен надомест од по 6000 денари.
ДООЕЛ “МАТЕА” е конфекцијата каде тешките услови за работа и немањето слух и интерес на сопствениците за загрозувањето на здравствената состојба на работниците, неплатената прекувремена работа, превоз и храна, уцени со откази, лични навреди и закани врз сите текстилни работници е нивна реалност и мрачно секојдневие.
Kamenica.mk ја поддржува борбата на текстилните работници од ДООЕЛ “МАТЕА” за своите права и со своето објективно известување го дава својот придонес во решавањето на проблемите на истите.

Во наредните денови очекуваме средба со раководителите и претпоставените лица од ДООЕЛ “МАТЕА” за да ја слушнеме и нивната страна на вистината.

Г.Б. – Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *