ДОЖД ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, НАЈМНОГУ ВО ИСТОЧНИТЕ ДЕЛОВИ

15.XI.2017 (kamenica.mk)

Дождот кој од утринава врне скоро низ целата држава, се очекува денес да биде пообилен во јужните и централните делови. Утре пообилни врнежи ќе има во северозападните, централните и југоисточните делови, а во петок во југозападните.

Од утре до сабота локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови.

Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има пад на температурата и повремени врнежи од дожд, кога на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег. Дневната температура во недела ќе достигне до 12-тиот степен, а во понеделник и вторник се очекува таа да биде меѓу 10 и 11 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *