Договорен регионален пристап во третирањето на комарците и на бездомните кучиња во општините од Истокот

 

Македонска Каменица 28.07.2018 година – Градоначалниците од единаесетте општини од Источниот плански регион договараат регионален пристап во третирањето на комарците и на бездомните кучиња.

Иницијативата беше дадена на последниот состанок на Центарот за развој на регионот во Берово, со заклучок дека е потребно заедничко дејствување за да се постигне поголема ефикасност со истите трошоци.

– Од досегашната пракса е јасно дека прскањето против комарците во секоја општина одделно и во различен временски период не го решава проблемот, поради што договараме во наредниот период тоа да се прави координирано. Во општина Кочани досега реализиравме две фази на прскање со авион и од земја, за што потрошивме околу 1,5 милион денари, но не видовме забележителен ефект. Наша оценка е дека треба да побараме мислење и совет од стручни лица кои би ни презентирале решение за поголема ефикасност во третманот на комарците, истакна Николчо Илијев, претседател на Советот на градоначалници од Источниот регион.

Заеднички пристап и регионален третман се договара и за справувањето со кучињата скитници за да се обезбеди поголема заштита на населението. Се разгледуваат неколку опции, меѓу кои и предлогот за изградба на регионално прифатилиште за бездомните животни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *