„Де Пласт Монт“ донираше опрема за детските категории на ФК Каменица САСА

Една од најуспешните фирми во Македонска Каменица – Де Пласт Монт уште еднаш покажа силна општествена одговорност. Фирмата набави нова спортска опрема за дечињата од ФК Каменица САСА. Набавени се нови маички и бермуди за најмалите категории во клубот, а сопственикот на фирмата вели дека поддршката за спортските клубови ќе продолжи и во иднина.

Инаку, „Де Пласт Монт“ е прва каменичка фирма која после долги години гради сопствен погон во Македонска Каменица, а очекувањата се дека истиот ќе започне со работа во текот на 2020 година.

Следете не на Instagram и Facebook, или станете наш subscriber на Youtube.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *