Дечињата од детската градинка „Бамби“ во посета на општина Македонска Каменица

„Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Оттогаш 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето“.

Градоначалничката Соња Стаменкова денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈОУДГ „Бамби“. При посетата од едукативен карактер, дечињата имаа можност да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, како и надлежностите на функцијата градоначалник. Како функционира општината, кои се нејзините ингеренции и одблиску да се зпознаат со начините на кои се менаџираат секторите преку кои се олеснува животот на граѓаните во Општината.
Одговарајќи на нивните прашања , градоначалничката Стаменкова им објасни дека помеѓу другите институции во градот и детската градинка е под надлежност на локалната самоуправа. Им се заблагодари на посетата , ги покани на повторна средба во својот кабинет, а им најави дека наскоро ќе ја посети и нивната „Бамби“.

Во рамки на Манифестацијата – „Недела на детето“ која што секоја година се одбележува во првата недела од месец Октомври, детската градинка „Бамби“ од Македонска Каменица овој настан го одбележува со пригодна неделна програма, со редица активности во кои учествуваат дечињата и вработените при установата.

Активностите околу оддбележувањето на „Недела на детето“ започнаа во понеделник во холот од детската градинка. Програмата беше организирана заедно со децата посетители на Центарот на лица со посебни потреби во Македонска Каменица. Дечињата во текот на неделата имаа можност да посетат и дел од останатите институции во градот и тоа: пошта и банка, Дом на култура и Библиотека, како и полициската станица во Македонска Каменица.

Неделава покрај Центарот за лица со посебни потреби,
При посетата на Општината, најмладите жители на градот на градоначалничката Соња Стаменкова и подарија прекрасен рачно изработен подарок. За време на краткиот престој во општинската зграда, дечињата се претставија со неколку песни и стихотворби, низ многу џагор и смеа имаа можност да разговараат со градоначалничката и дел од вработените во општина Македонска Каменица за улогата на локалната самоуправа и начинот на кој таа им помага на сите граѓани, а меѓу нив и на најмалите.

Општина Македонска Каменица, започнувајќи од оваа година е една од ретките општини во државата која на дечињата од претшколска возраст им овозможува бесплатен превоз до детската градинка и назад до своите домови во приградските населби и селски средини. Како една од мерките со кои Општината им излегува во пресрет на граѓаните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *